Коѕиас имал „интересна и сериозна“ средба со Нимиц
Имав многу интересна и сериозна средба со господинот Нимиц, кој неодамна престојуваше во Скопје. Тој ме информира за климата таму, изјави грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас по денешната средба со медијаторот Метју Нимиц во Брисел.
Тој, како што објави грчкото Министерство за надворешни работи, го информирал медијаторот за ставот на Атина по средбите кои грчките власти ги имале „со новата Влада на северниот сосед“.
- Се договоривме да останеме во контакт и да бараме начини со кои можеме да отвориме процес за да се најде решение, рекол Коѕиас.
На новинарско прашање дали Грција има индикации за добра волја од страна на Владата во Скопје, шефот на грчката дипломатија одоговорил дека „има комуникација“.
- Комуникација да. Суштината треба да ја покажат, изјавил Коѕиас.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите