-->
-->
Кина ја поздрави можноста за дијалог меѓу двете Кореи
-->
Кина ја поздрави можноста за преговори меѓу Северна и Јужна Кореја, која ја отворија лидерите на двете земји во новогодишните обраќања, како и предлогот Северна Кореја да испрати спортисти на Зимските олимписки игри во јужнокорејскиот град Пјонгчанг.
- Ги забележавме позитивните сигнали во насока на подобрување на односите и учество на Северна Кореја на олимписките игри. Тоа е позитивна вест, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Генг Шуанг.
Според Кина, најголем извор на нестабилност во регионот е опасноста од војна меѓу Северна Кореја и САД. Шуанг ги повика Вашингтон и Пјонгјанг да вложат напори да ги подобрат своите билатерални односи и да почнат дијалог.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Не се срамев од работа, успеав на село со свој бизнис | Сања Димковска | Sitel Podcast 041
-
Тројно убиство во Србија: 22 годишник со ловечка пушка ги убил татко му, дедото и бабата
-
МЗ: Владата усвои информација за состојбата во хируршките клиники, се укажува да се замени опремата на централната компресорска станица со нова
-
Во полициска акција во шест европски земји уапсени 17 членови на албанска нарко организација
-
Тешко повреден работник во фирма во Скопје
-
Финансиска и логистичка поддршка за македонскиот олимписки спорт од меѓународните олимписки организации
-
239 куршуми одземени од кичевчанец
-
Малолетно девојче нападнато и ограбено во Аеродром