Свет
15. February 2016 - 11:21

Иран ја почна првата испорака на нафта во Европа по нуклеарниот договор

Иран вчера почна испорака на сирова нафта во Европа, прва откако постигна нуклеарен договор со светските сили, соопшти заменик на иранскиот министер за нафта Рокнедин Јавади.

Јавади испораката ја нарече „ново поглавје“ во иранската нафтена индустрија по пет години санкции.

Иран планира да го зголеми извозот на нафта на три милиони барели дневно по укинувањето на санкциите кои ги воведоа западните сили, изјави претходно министерот за нафта и нафтени деривати Бијан Зангехен.

Министерот рече дека Иран планира да вложи околу 180 милијарди долари во петрохемијата и нафтениот сектор до 2022 година, за да експлоатира нафтени полиња и да ги модернизира постројките.