Големо невреме ќе ја зафати земјата во попладневните часови
Управата за хидрометеоролошки работи за денеска од пладневните часови најавува локален развој на нестабилна облачност, проследена со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи, особено во западните и северни делови, но и во останатите планински региони.
Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец кој во периодите на пороен дожд повремено ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 36 степени, а УВ-индексот 7.
Во Скопје температура до 36 степени целзиусови, воздушен притисок 979, релативната влажност на воздухот 40 проценти и средна брзина на ветер три метри во секунда.
Во деновите од викендот, според УХМР, ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има ретка појава на пороен дожд и грмежи, претежно во планинските предели, особено во југозападниот и јужниот дел од земјата. Од почетокот на работната недела и понатаму ќе се одржува сончево претпладне, а попладне со зголемена облачност и со услови за појава на краткотраен дожд во претежно југозападните делови.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници