Германија ја критикува одлуката на Русија за градење на реплика на Рајхстаг
Германските официјални претставници го критикуваа соопштението на руската армија за плановите за изградба на реплика на Рајхстаг (парламентот во Берлин).
Во средата, руската армија соопшти дека планира да гради реплика на Рајхстаг во тренинг парк во близина на Москва, наменет на него да гаѓаат учениците кои се членови на училишната програма за воена обука и патриотизам, наведувајќи дека така ќе напаѓаат „конкретно место, а не нешто апстрактно“.
Претставничката на германската Влада Улике Демер изјави дека тој план е „изненадувачки и трогателен“.
- Ние не би направиле такво нешто за обука на германските младина, изјави претставникот на Министерството за надворешни работи Мартин Шефер.
Претставникот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков изрази збунетост од реакцијата на Германија и го заштити планот на Министерството, посочувајќи дека паркот со реплика на Рајхстаг е симбол на победата над нацизмот.
Зградата на Парламентот во Берлин е место на тешки борби меѓу Црвената армија и нацистичката војска во 1945 година.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Џевдет Хајредини
-
Таравари: ВРЕДИ во Владата ќе има 6 министерства и претседател на Собрание
-
Силјановска со културна дипломатија ги затоплува односите во Бугарија
-
Преспанскиот договор - Секојдневна тема во Атина
-
Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија
-
Уставен Суд ќе бира нов претседател, Кацарска без право на реизбор
-
Поројниот дожд направи штети, ЦУК апелира на внимателност
-
Недостигаат најмалку двајца инспектори за контрола во водниот сообраќај