Фестивал на сирење и вино во Охрид
Бројните манифестации ја збогатуваат туристичката понуда во Охрид.Со возобновување на фестивалот на вино и сирење македонските производители ги презентираат своите домашни производи а посетителите на штандовите имаат можноста да вкусат добро вино и разни видови на сирења, и да уживаат и во културно – уметничката програма.П лоштадот „Крушевска република“синоќа беше преполн со гости.
Фестивалите се магнет за туристите тие уживаат во она традиционалното што го нуди нашата земја.
Производителите вината и сирењата покрај за домашниот пазар ги извезуваат низ целиот свет во маркетите низ сите континенти.
Инаку главниот туристички центар деновиве е преполн со гости од сите краеви ширум светот,а збогатената понуда и забава која што се нуди за сечиј вкус го прави градот поатрактивен .
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар