ЕуроНикел: Почна исплатата на доверителите во ФЕНИ Индустри
Повеќе од 100 доверители на ФЕНИ Индустри се во процес на исплата, договорите се потпишани и веќе се направени првите исплати, а последните преостанати доверители се во процес на поднесување на нивните барања до ЕуроНикел, велат од компанијата која стопанисува со комбинатот.
- Откако ЕуроНикел ги рестартираше производните капацитети и успешно започна со производството во фабриката, сега презема стратешки, долгорочни, инвестициски чекори за стабилноста, растот и развојот на компанијата. Со ова, ЕуроНикел продолжува на патот кон побрз излез на ФЕНИ од стечајот преку организирано реструктуирање, порачуваат од ЕуроНикел.
Македонски директор на ЕуроНикел Герасим Кујунџиев е задоволен што го потпишале договорот со банките и другите доверители, со што, како што посочува, се потврдува нивната посветеност и сериозни и долгорочни планови како инвеститор во комбинатот.
- Досега подготвивме повеќе од сто договори со доверителите, а со останатите секојдневно сме во комуникација, со цел да ги забрзаме нивните исплати. Нашиот главен приоритет е комплетирање на побарувањата на кредиторите и излезот на ФЕНИ од стечајниот процес, изјави Кујунџиев.
Целта на ГСОЛ и ЕуроНикел, порачува Маркос Камхис, директор на ГСОЛ, матичната компанија на ЕуроНикел, е да се искористат сите знаења и експертиза, што ги поседуваат како признаен и искусен инвеститор во металната индустрија, како и со финансиските ресурси и оперативниот капацитет, да го потврдат статусот на ФЕНИ како стратешки производител во земјата и како лидер во индустријата на фероникел во Европа и пошироко.
Ново на Сител
-
Не се срамев од работа, успеав на село со свој бизнис | Сања Димковска | Sitel Podcast 041
-
Тројно убиство во Србија: 22 годишник со ловечка пушка ги убил татко му, дедото и бабата
-
МЗ: Владата усвои информација за состојбата во хируршките клиники, се укажува да се замени опремата на централната компресорска станица со нова
-
Во полициска акција во шест европски земји уапсени 17 членови на албанска нарко организација
-
Тешко повреден работник во фирма во Скопје
-
Финансиска и логистичка поддршка за македонскиот олимписки спорт од меѓународните олимписки организации
-
239 куршуми одземени од кичевчанец
-
Малолетно девојче нападнато и ограбено во Аеродром