Македонија
18. November 2015 - 20:43

Десет адвокати нека го бранат, но од божјата рака нема да се спаси - Потресно сведоштво на Јелица Јошевска

Десет адвокати нека го бранат, но од божјата рака нема да се спаси. Потресно сведоштво во скопскиот кривичен суд на Јелица Јошевска. 22 години по убиството болката кај мајката на Мери Јошевска не поминува.  Вербата дека правдата треба да излезе на виделина и чуството дека не ја заборавила својата сестра била единсвената причина да се појават во судница рече сестрата на Јошевска.

Додека челновите на семејството на Мери зборуваа пред судот, Миле Хаџиски кој е обвинет дека ја усмртил со 40 убоди со два ножа во 93 та со надевната глава и поглед кон подот ги слушаше нивните зборови.

Нема цена која може да ја плати загубата на нејзината ќерка, Јелица се откажа од побарувањето на оштета.

- Оштетата ја сметам за нешто гнасно, од таа страна се е прљаво и не ми треба ништо. Да беше моја и зградата ќе му ја подарев само мојата ќерка да останеше жива,  рече Јошевска.

Жели што по 22 години повторно е принудена да се враќа на спомените и денот кога ја загубила својата ќерка. За грозоморното убиство кое до тогаш не било регистрирано ниту во земјите од Југославија порача дека не очекувала дека ќе има повторно судење.

- Што да кажам, додека моето чедо беше под земја тој беше на слобода и контактирал со своето семејство.  Крвникот не викнал ниту брза помош туку откако ја избодел крадел, се накитил и заминал да прослави во кафиќ. Да повикал помош мојата ќерка ќе беше жива, рече пред судот јелица Јошевска.

Таа е убедена дека со помош на семејството и политичките структури во тоа време кои го смениле законот да може да остане во притвор само 90 дена Хаџиски успеал да избега од државата. Не го познава правото но се надева дека ќе го добие она што го заслужува.

Ниту еден од сведоците не се појави денеска во судница, а судијката завршните зборови од повторениот процес за случајот ги закажа за девети идниот месец.