Македонија
17. јуни 2024 - 16:37

Мицкоски утре ќе го доставува предлогот за Влада до Собранието до недела на полноќ треба да се избере владиниот кабинет

Комплетиран списокот на министри кои ќе влезат во владиниот кабиент на Мицкоски. Предлог составот на Влада со владината програма за наредните 4 години мандатарот во парламентот ќе го поднесе утре.

 „Седницата за избор на Владата ќе биде закажана за сабота претпладне, а согласно деловникот трае два дена, што значи дека би завршила недела попладне или навечер имајќи пред вид дека говори веќе најавиле од опозициските СДСМ, ДУИ и Левица“.

Коалицијата Твоја Македонија ќе има 15 министерски позиции во Владата, Вреди - 6 и ЗНАМ – две.

Мицкоски ќе има четворица вицепремиери.

Дел од предложените министри од редот на ВМРО-ДПМНЕ преку Фејсбук се заблагодарија на Мицкоски за довербата, но ветија и работа.

 „Како што го кренавме ВМРО-ДПМНЕ, така ќе ја креваме и Македонија!, напиша Николовски.

Тошковски пак, вети дека ќе работи „неуморно за подобрување на условите за живот на сите граѓани и за обезбедување на безбедна, просперитетна и праведна Македонија“.

Односите со нашите стратешки партнери да бидат уште позасилени, а армијата да биде лицето на државата која ќе сведочи за нејзината организираност “, напиша Миасјаловски.

Слично и Муцунски вели дела ќе се залага за “градење и одржување на силни и цврсти односи со сите значајни меѓународни партнери, со цел да ја зацврстиме нашата позиција и да создадеме можности за економски раст и развој“.

„Нѐ чека многу работа и уште повеќе проблеми, празен буџет кој е лошо планиран и што уште не. Но, ќе работиме, тоа е единственото што го знаеме, затоа што секој од нас е посветен работник“, напиша Димитриеска Кочовска.

Иако најавени, во Собранието се уште ги нема измените на законот за локална самуправа со цел да нема предвремени избори во општините чии градоначланици ќе станат министри. Неофицијално се чека поддршката од ДУИ, бидејќи за зкаонот е потребно 2/3 мнозинство, а Блерим беџети кој стана пратеник ја остави општината Сарај со в.д. градоначалник.