Македонија
17. јуни 2024 - 19:43

Трагедија на Галичица

Трагедија во НП Галичица .Патничко возило денеска излета во амбис од регионалниот пат Трпејца – Преспа .Очевидците за Сител велат дека глетката била страотна а

незгодата како што ни изјавија се случила на дел од патот кој не е обезбеден со еластична ограда.

Тие реагираат дека овој патен правец е небезбеден и оштетен така што воопшто не е за потценување.Kако што дознаваме има две загинати лица .

Од Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид се на терен со цел капацитет со кој располагаат но велат дека потребни се неколку часа за да се  извлече возилото бидејќи станува збор за провалија.

Од СВР Охрид исто така го потврдија настанот за несреќата и најавија дека екипи на полицијата и јавен обвинител се  на местото на настанот.

Патот преку НП Галичица во зимскиот период од безбедносни причини се затвора, а во летниот период се наплаќа влез на што реагираат голем број на граѓани и рекреативци тие велат дека овој пат е исклучително опасен и треба да се  подобри неговата безбедност.