Челик: Не е возможна европска армија без Турција
Безбедноста на европскиот континент не може да биде обезбедена без Турција и долгоочекуваната европска армија не може да биде формирана без учество на турските вооружени сили, изјави денеска турскиот министер за ЕУ Јомер Челик.
- Ниту една европска армија не може да се формира без Турција. Не велам дека ја поддржуваме или се спротивставуваме на оваа идеја (за европска армија). Но, вие не можете да овозможите ниту безбедност, ниту иднина на Европа без Турција, рече Челик на средбата со новинарите во Мадрид.
- Да се гледа Турција како телохранител на ЕУ е болен начин на размислување, рече Челик.
Тој истакна дека турските власти се против размислувањата дека со нив треба да се разговара само за демократија и просперитет, а не и за безбедносните прашања.
- За жал, оние кои зборуваат за Турција го прават тоа без да ја погледнат мапата. Турција има голема стратешка вредност и е на ниво на европски демократии, потенцира турскиот министер.
Челик, исто така, го изрази ставот на Турција во врска со предизвиканата тензија во Шпанија за одлуката на автономниот регион Каталонија да свика референдум за независност на 1 октомври.
- Ние го поддржуваме единството, територијалниот интегритет и уставните граници на Шпанија. Не сметаме дека таков референдум ќе им користи на луѓето во време кога е потребна поголема интеграција, посочи Челик.
Ново на Сител
-
Стартуваше Самитот Македонија 2025 - Како до побрз економски напредок на државата
-
Преглед на вестите од светот
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа