Македонија
11. January 2018 - 16:24

Алармантни податоци - 10 од 11 дена од 2018 биле со трипати над дозволените пм 10 честици во воздухот

Секој ден од почетокот на годинава, жителите на Скопје дишеле загаден воздух.. Ова го покажува анализата на Министерството за животна средина. Континуираната 10-ет дневна загаденост е скоро една третина од предвидените 35 дена за цела година. Мерењата утврдиле дека загаденоста со ПМ 10 е три пати поголема од предвидената па Министерството за животна активираше мерки за намалување на аерозагадувањето.

Во изминатиот период тие се применуваа три пати, но претставниците на граѓанскиот сектор сметаат дека не даваат резултати.

Според градските власти пак мерките придонесуваат во намалување на загаденоста. На почетокот од неделава градоначалникот Шилегов изјави дека амбиенталниот воздух во изминатите два месеца е помалку загаден во споредба со истите месеци од претходните две години.

Инаку освен во Скопје, континуирано од почетокот на годинава, загаден воздух дишеле и жителите на Битола, Куманово, Кавадарци, Тетово.