Светски ден на волонтерството – Пратениците на еден ден беа волонтери на Црвениот крст
Немаат титули, но имаат срца што секогаш се спремни да помогнат на другите - волонтерите на Црвениот крст. Она што тие го прават во текот на целата година, во хуманата мисија на Светскиот ден на волонтеризмот ги поканија и народните избраници.
Пратеници од сите пратенички групи на еден час ги заменија собраниските клупи и беа волонтери во осум дневни центри. Ги слушнаа предизвиците и се обврзаа за помош. Спикерот Гаши најави и измени на Законот за волонтерство.
Една од точките за посета беше и дневниот центар за лица од трета доба. Со разговор и помош за подготовка за празниците друштво им правеше скопскиот градоначалник.
За пожртвуваноста, брзата реакција и безусловната помош која ја пружале за време на една од поголемите трагедиии во македонската историја, пожарот во Кочани, кочанските волонтери добија признание од Парламентот.
Повеќе од 16 илјади волонтери низ светот волонтираат на годишно ниво и подаваат рака на оној кому помошта му е неопходна. Во Македонија преку 5000 активни волонтери се шири хуманата мисија на невидливите херои.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
