-->
-->
Жените мигранти присилени на проституција
-->
Жените кои стигнале со мигрантскиот бран во Германија се присилени на проституција за 10 евра во бегалските кампови во таа земја, пренесе британски Daily Mail. Во последната недела е забележан и пораст на насилството.
Сексуалните напади се секојдневна појава, додека во еден германски ландер забележани се 100 случаи на такво насилство во последните три месеци.
Во миграција центар во градот Кицинген локалните власти одлучија да назначуваат само мажи како чистачи, откако жените-чистачки во последните десет дена биле секој ден напаѓани . Двајца мигранти на возраст од 38 и 52 години се уапсени поради напади врз жени во периодот од 1 до 10 октомври. Од следната недела оваа работа ќе се врши само од мажи, а до тогаш чистачките ќе работат под постојана стража, соопшти локалното радио “Бајеришер рундфунк”.
„Како жена вистински сум загрижена од тоа што се случува таму, рече Тамара Бишоп од општинската власт. Во област Баер-Виртемберг неодамна беа регистрирани шест силувања во бегалските кампови. Локална организација за човекови права соопшти дека таму жените се принудувани од криминалците да се проституираат за десет евра. Во исто време експлодирала суров тепачка меѓу мигранти од Албанија и Авганистан. Некои од нив биле вооружени со ножеви, а еден од нив имал и пиштол. Полицијата интервенирала и ги привела сите учесници во тепањето. “Политичарите многу често презентираат случувањата како тепачка поради нееднаквата дистрибуција на храната и облеката. Но, тоа не е така. Не е многу едноставно да се опише што точно се случува таму”, рече Рајнер од синдикатот во германската полиција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мајмунски сипаници во Косово - Мали се шансите за пренес во Македонија
-
Тема на денот со Злате Мехмедовиќ
-
Тошковски изненаден што нема притвор за екс директорот на ЕСМ
-
Мицкоски: Обвинителството да открие зошто сум бил следен
-
СДСМ бара оставка од членката на антикорупциска Данка Ристовска поради судир на интереси
-
Тошковски: Не е утврдена вина кај полицаецот од Куманово кој го симна албанското знаме
-
Што сработе МВР во 2024
-
На вонредна седница на Влада ќе ги замрзнеме цените ако има нагло поскапување, рече Дурмиши