-->
-->
Земјотрес утрово е регистриран во близина на Скопје
-->
Според Рихтеровата скала утрово е регистриран земјотрес со јачина од 2,3 степени во близина на Скопје, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Според ЕМСЦ, потресот е регистриран во 5:49 часот, според македонско време, а епицентарот бил на осум километри северо-западно од главниот град на земјава, на границата меѓу С Македонија, Косово и Србија.
Земјотресот бил на длабочина од осум километри.
Засега нема информации од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факулет во Скопје за јачината и локацијата на потресот.
Инаку, земјотрес со јачина од два степени според Рихтеровата скала беше почувстуван пред три дена, односно на 4 ноември вечерта, исто така, во близина на Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преку зголемена транспарентност и политичка комуникација до одговорни институции
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинители вршат надзор во обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција
-
Тошковски: Барањето за моја интерпелација е обид за манипулација
-
Инфраструктурното поврзување на туристичките локалитети руралните средини приоритет за развој на Југоисточниот регион
-
Преглед на вестите од свет
-
Мицкоски во Брисел
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вице премиер за евроинтеграции