Инфраструктурното поврзување на туристичките локалитети руралните средини приоритет за развој на Југоисточниот регион
Со презентација на комуникациска стратегија и неколку панел дискусии одбележан денот на Југоисточниот плански регион. За 16 години колку што постои Центарот за развој на регионот биле реализирани над стотина проекти од најразлични области со кои директно се подобрува квалитетот на живеењето на граѓаните во сите десет општини. Регионалните проекти продолжуваат да бидат приоритет, а во наредниот период посебен акцент ќе биде ставен на промоција на туристичките локалитети и подобрување на инфраструктурата до нив. Овие проекти имаат за цел да ја зголемат атрактивноста на регионот и да создадат услови за развој на туризмот, како една од клучните стопански гранки во регионот.
Претседателот на Советот на градоначалници на Југоисточниот регион, Ѓорѓе Божинов, вели дека за постигнување рамномерен развој на регионот, неопходно е да се инвестира и во помалите, рурални општини. Според него, инвестициите во руралните средини се клучни за обезбедување балансиран и одржлив развој на целиот регион.
Според статистичките податоци, Југоисточниот плански регион е втор по развиеност во Македонија. Регионот има значителен економски потенцијал, благодарение на својата поволна географска локација, богатото културно наследство и природни ресурси.
-
Зоран Ѓеогриев
Сите содржини од овој новинар