Завршена е обдукцијата: Нови детали за смртта на Авичи
Полицијата во Оман не сака да дава службени изјави. Музичарот последните денови пред ненадејната смрт ги минувал во одморалиште во арапската држава, а фановите тврдат дека Авичи многу ослабнал.
После трагичната смрт на ДиЏеј Авичи, кој починал во 29. година на живот, многу обожаватели бараат одговори. Семејството замолило за приватност а ниту полицијата во Оман не сакала да открива никакви детали. Сепак, странските медиуми дознаваат, од анонимни извори, дека се направени две обдукции.
„Со сигурност можеме да кажеме дека нема криминални сомневања“ вели изворот и додава дека полицијата ги има сите информации за смртта, но нема да дава служени соопштенија.
Од ДиЏејот и продуцент Тим Берлинг преку социјалните мрежи, со емотивни пораки, се простиле бројни ѕвезди како Мадона, Рита Ора, Лиам Пејн, Гета…
Музичарот се борел со акутен панкреатитис, потенцијално многу опасно воспалување на панкреасот, кое било предизвикано со претерано конзумирање на алкохол.
Последните денови пред ненадејната смрт ги минал во одморалиште во Оман. Таа арапска држава толку многу му се допаднала што престојот го продолжил уште осум дена.
Бројни фанови го препознале, во одморалиштето, кои се фотографирале со него, за спомен, а некои коментирале дека музичарот многу ослабнал.
Ново на Сител
-
Нехумани услови во домот Пелагонија
-
Тема на денот со Ива Ненадиќ, координатор на центарот за медиуми при Европскиот универзитетски институт
-
Обвинители вршат надзор над работата на обвинителството за организиран криминал и корупција
-
69-годишна жена загина, а 9-годишно дете се бори за живот на Клинички по пад од шести кат
-
Родители најавија бојкот на настава во „Лазо Ангеловски“, МОН смета дека со случајот се претерало
-
Комплексни лозинки за да нема упад во е-дневник во училиштата!
-
И власта и опозицијата не прифаќаат пензионирање на 67 години
-
Новогодишните куќарки пристигнаа на плоштадот, Арсовска пак крие кој и за колку пари ќе украсува