Започна најголемиот саем за компјутерски игри во Европа
Во германскиот град Келн денеска е отворен најголемиот саем за компјутерски игри во Европа, „Гејмском“, кој до недела се очекува да привлече над половина милион посетители.
Слоган на овогодишниот „Гејмскон“ е „Јунаци на новите димензии“, а саемот во голем дел ќе биде посветен на компјутерските игри во виртуелната реалност.
Штандови на овогодишниот „Гејмском“ имаат над 8.000 компани, меѓу кои и неколку водечки светски гиганти за производство на компјутерски игри, како „Сони“ и „Мајкрософт“, кои ќе ги промовираат и своите нови опреми за играње во виртуелната реалност.
Во рамки на самеот е поставена и онлајн амбуланта за зависници од интернет и компјутрески игри, каде секој посетител може да се тестира за утврдување на степенот на неговата зависоност од новите технологии.
Поради стравување од можни терорситички напади, „Гејмском“ годинава се одржува под засилени безбедносни мерки, а на посетителите им се препорачува да не носат ранци и торби, како ниту опрема што наликува или потсетува на оружје.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Претседателката на Судски совет, Весна Дамева, си поднесе неотповиклива оставка
-
Запален објект и три автомобили во Куманово,албанската опозиција ја повика меѓународната заедница да реагира
-
Верските лидери со заеднички апел до граѓаните за смиреност и соживот
-
Не само во Челопек министерката Јанева најави вонредни инспекции и во други училишта каде деца носеле симболи на УЧК
-
Струјата нема да поскапи повеќе од 1%, еден час плус дневна евтина тарифа засега ќе нема
-
Словенија бара 5.000 работници од Македонија
-
Постапка за Екс директор