Законските измени за либерализација на железничкиот сообраќај пред матичната собраниска комисија
Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за железнички систем, по скратена постапка, со кој треба да се овозможи либерализација на железничкиот сообраќај во државава, денеска треба да биде разгледан од матичната собраниска Комисија за транспорт и врски.
Во членот 16 од Предлог законот е наведено дека се овозможува јавниот железнички превоз на патници и стока да се врши од приватно домашно или странско правно лице, т.е. се отвора пазарот за други железнички превозници.
-Целта е усогласување со европското законодавство во делот на отворање на пазарот за железнички услуги што ќе се даваат од повеќе железнички превозници и усогласување и со националното законодавство во делот на употреба на јазиците, стои во образложението за Предлог-законот.
Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на последната седница за пратенички прашања упати апел да бидат изгласани предложените измени, потсетувајќи дека Владата ги усвои уште на 20 годинава, но оти Собранието се уште не се произнело.
-Ако сакаме да имаме успешен патнички и товарен сообраќај, успешно претпријатие во делот на железниците, мораме да направиме либерализација на железничкиот сообраќај во државата, истакна Бочварски, на прашање зошто се укинуваат железнички линии.
Ново на Сител
-
Пронајден телефон кај осомничениот за сообраќајката, контрола во затворот и најава за дисциплинска постапка
-
Тема на денот со Мариуш Бримора, амбасадор на Полска
-
Со повисоки казни до поголема безбедност во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ бара ревизија судски пресуди
-
Три обвинителства немаат обвинители – Само една третина од службеничките места се пополнети
-
Преполовен прометот на маркетите по вчерашниот бојкот
-
Земаат плата, а не одат на работа – Ревизорите со години детектираат вакви проблеми во институциите
-
СДСМ: Дали ќе го чекаме Косово на патот кон ЕУ?