Со повисоки казни до поголема безбедност во сообраќајот
Повисоки казни за учесниците во сообраќајот најавуваат институциите.. Бирото за јавна безбедност во соработка со Министерството за внатрешни работи веќе ги детектирале црните точки во сообраќајот низ целата држава и најавуваат акции за подобрување на сообраќајната култура..
„Се работи веќе и на законски измени, предлог на нови законски измени каде што сериозно се разгледува мерките да бидат порестриктивни, повискоки казните. Меѓутоа, најважно нешто е свеста да ја промениме“, изјави Директорот на БЈБ, Александар Јанев.
Во меѓувреме, властите ќе ги анализираат казните кои за сообраќајки ги изрекуваат судовите.. Со измени на кривичниот законик се планира да се спречи различно толкување и прогледување низ прсти на оние кои имале врски во правосудството..
За поголема безбедност и зголемена сообраќајна култура, граѓаните бараат засилени контроли, но и зголемување на паричните и затворски казни..
Институциите повикуваат и на поголема свесност.. Освен почитување на сообраќајните правила, велат неопходна е контрола врз младите..
Годинава се очекува и најавеното активирање на камерите кои треба да регистрираат прекршоци, а сторителите на домашна адреса ќе ги добиваат казните.. Надлежните ветуваат дека системот ќе профункционира годинава, иако на почеток, наместо казни, прекшителите ќе добиваат само опомени..
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар