Свет
25. February 2016 - 15:31

Захарова: Москва гледа напредок пред прекинот на огнот во Сирија

Потпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, изјави денеска дека официјална Москва гледа дека е постигнат напредок пред прекинот на огнот во Сирија овој викенд.

Захарова наведе дека американската и руската војска почнале да разменуваат информации за терористичките групи во Сирија. Таа ги пофали работите на Русија и САД, двете земји кои го осмилија и договорија примирјето со цел прекинот на огнот и во пракса да биде спроведен.

Прекинот на огнот во Сирија треба да стапи во сила во петок на полнок.