Фудбал
19. December 2016 - 10:40

За кого навиваше селекторот?!

Македонското дерби во италијанското калчо помеѓу Џенова и Палермо (3-4) на лице место го следеше и селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски. 

За среќа на теренот иако со различна минутажа се појавија сите наши репрезентативци, Илија Несторовски, Александар Трајковски и Горан Пандев. 
На крајот се радуваа Несторовски и Трајковски кој го даде победничкиот гол за Палермо. 
Несторовски го одигра целиот меч и имаше две асистенции, Трајковски постигна гол а Пандев имаше шанса за израмнување иако играше само 3 минути. 
Не знаеме за кого навиваше на овој меч селекторот Ангеловски но сигурно може да биде задоволен што Трајковски конечно се врати на зелениот терен по повредата и тоа со гол, што Несторовски игра стандардно но и што Џенова секогаш смета на Пандев.