За четири дена во Скопје 31 сообраќајка
Во текот на изминатите четири дена на подрачјето на СВР Скопје се случиле 31сообраќајна незгода, од кои во 10 полесно се повредени 21 лице, а во 21 сообраќајка поминале само со причинета материјална штета.
Сообраќајната полиција во четвртокот изврши увид на 14 сообраќајни незгоди. Во осум од нив со полесни телесни повреди се здобиле 16 лица, а шест се со причинета материјална штета.
Како што информира за МИА самостојниот инспектор Драган Вељановски, во петокот извршен е увид на вкупно четири сообраќајни незгоди со причинета материјална штета.
Во саботата извршен увид е на пет сообраќајни незгоди, од кои во една незгода едно лице се здобило со полесни повреди, а другите четири сообраќајки се со причинета материјална штета.
И вчера, извршен е увид на вкупно осум сообраќајни незгоди. Во една од нив четири лица се здобиле со полесни повреди, а седум се со материјална штета.
Во текот на изминатите четири дена од страна на сообраќајната полиција, санкционирани се 10 возачи кои се движеле со возилото со поголема брзина од дозволената, тројца возачи го управувале возилото под дејство на алкохол, четворица возачи поминале на црвено светло на семафор, како и 25 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Затекнати се и 43 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило пајак, во текот на овие четири дена отстранети се 25 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај.
Ново на Сител
-
Најмалку 20 загинати во поплавите во БиХ
-
Можен распад на Европскиот фронт на ДУИ поради Мендух Тачи
-
Затворена седница за ЕУ
-
Владата најавува нова модерна опрема за Армијата
-
Зградата во Чаир се уште небезбедна – Обвинителството чека услови за да почне истрага
-
Одложени следните две рочишта за убиствата на Вања и Панче – обвинетиот Видевски се уште е на нефрологија
-
Кривична пријава за шест затворски полицајци од Идризово - помогнале во бегство на група осуденици
-
Еден осуденик државата ја чини 10 илјади евра годишно