Македонија
4. October 2024 - 16:51

Владата најавува нова модерна опрема за Армијата

На Криволак денеска претставниците на армијата изведоа вежба во боеви гаѓања каде беа претставени капацитетите на војниците, а беше претставена и новопримената опрема која е дел од процесот за модернизација на армијата.

За прв пат беше реализирана вежба со употреба на далечински управувана вооружена станица, а вежбите на војниците и опремата која ја поседува Армијата беа проследени од премиерот Мицкоски, министерот за одбрана Мисајловски, амбасадорката на САД како стратешки партнер на земјава.

Според премиерот Мицкоски капацитетите на армијата се на високо ниво и како Влада најави дека ќе продолжат да инвестираат во модерна опрема и подготовки.

Бидете убедени дека поддршката за Армијата, набавувањето на нова опрема и средства ќе продолжи и во годините коишто следат. За да бидеме навистина една модерна и динамична Армија којашто ќе одговара на НАТО стандардите“

Министерот за одбрана, кажа дека како земја членна НАТО ќе продолжи да се вложува во одбранбените капацитето и човечки ресурси за да бидеме на исто ниво со земјите сојузнички.

Овие модерни системи ќе бидат инсталирани во повеќе вакви возила и на дел од оклопните транспортери кои ги очекуваме да пристигнат во текот на наредната година. Но, дополнително да кажам дека покрај овие системи, во опремувањето на овие возила и Страјкерите, ќе има и друга модерна опрема која дополнително ќе биде инсталирана, меѓу кои и системот Џавелин“

Воениот полигон Криволак е од големо значење за НАТО, истакна американската амбасадорка Агелер и посочи дека тука испраќаат и војници од САД и НАТО на вежби. Агелер вели поддршката и за модернизација на македонската армија, како и за евроинтегративниот процес на Македонија ќе продолжи и во иднина.

За дали Македонија ќе го следи примерот од земјите од регинот кои воведуваат задолжителен воен рок, министерот за одбрана кажа дека за тоа е потребно широка дискусија, а засега не се размислува за таа опција.