Еден осуденик државата ја чини 10 илјади евра годишно
Скапо им е да ги храни, а не знае како да им ја ограничи слободата надвор од затворот. Секој затвореник за еден ден престој троши над 2 илјади денари од државниот буџет. Толку пари се одвојуваат и за 400 лица кои само за спиење се во затвор, а преку ден работат надвор од него. Според директорот на Управата за санкции ако тие добијат условен отпуст со надзор или електронска алка, ќе се ублажи пренатрупаноста во затворите.
Управата заедно со судии, професори и невладините бара начин за намалување на бројот на затвореници. Сметаат дека за казни до две години затвор не треба да се оди зад решетки.. Велат, решение се условни казни со надзор. Засега, такви најмногу се изрекуваат во Скопје. Судиите од внатрешноста остануваат строги, за нив ефективниот затвор е се уште најдобра казна..
Идната недела тим од европскиот комитет за антитортура и банката за развој доаѓа во посета на македонските затвори. Ќе ги испитува условите, но, и ќе одлучи дали ќе го одмрзне буџетот од 25 милиони евра за реконструкција на Идризово. Проектот мирува цела деценија заради недостатоци при изградбата на отвореното и полуотворено одделение, но и судницата во која досега не се одржа ниту едно рочиште.
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар