Македонија
1. јуни 2016 - 8:20

Времето во Македонија ќе биде сончево

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност, во текот на денот од запад ќе се прошири облачност насекаде, а локален дожд ќе има во западните и северните делови од земјава. Ќе дува слаб до умерен јужен и југозападен ветер. 

Утринската температура ќе се движи од осум до 15, а дневната од 25 до 30 степени.

Во Скопје претпладне со умерена облачност, а попладне со зголемена облачност и со услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб променлив ветер.

Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе достигне до 29 степени.

Од четврток следуваат денови со претежно сончево време во претпладневните часови, а попладне повремено со услови за изолирана појава на локален пороен дожд и грмежи. Дневните температури ќе опаднат за два до три степени.