По 4 децении од почетокот на градбата годинава треба да почне со работа новото крило во струмичката болница
По речиси четири децении чекање годинава конечно треба да биде пуштено во употреба новото крило на струмичката болница. Главниот проблем, бакарниот кабел неопходен за снабдување на објектот со струја веќе бил инсталиран и ставен во функција, информираа од раководството на болницата. Во моментов течеле последните подготовки за технички прием и примопредавање на објектот од министерството за здравство кој ЈЗО Општа Болница Струмица.
Во новиот блок кој има осум сали планирано е да бидат сместени хируршките оддели односно хирургија, гинекологија, урологија, очно и ортопедија со трауматологија. Дел од објектот веќе е опремен со најсоврема опрема, а дел треба да се комплетира во наредниот период. За таа цел била обезбедена и донација на медицинска опрема вредна половина милион долари.
Новото болничко крило има површина од 6500 метри квадратни. Со неговото пуштање во употреба болницата во Струмица ќе прерасне во современ регионален центар кој опслужува околу 200 000 осигуреници од југоисточниот дел на државата.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар