Вработен осомничен дека го нападнал директорот на јавното претпријатие во Кавадарци
Вработен во јавното претпријатие во Кавадарци е осомничен дека го нападнал директорот, информираа денеска од СВР Велес.
- Вчера во 15.40 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода кавадарчанецот Т.Ѓ.(61). Тој се сомничи дека во текот на денот, на работното место физички го нападнал Ј.Н.(62), директор на јавното претпријатие, каде што и тој бил вработен. За настанот бил известен јавен обвинител, а лицето било приведено во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Велес.
Оттаму информираа дека синоќа пак во 19.50 часот, во ОВР Кавадарци било пријавено дека на улицата „Тиквешко востание“ во градот, патничко возило „лада“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од кавадарчанецот В.Н.(43), удрило во С.Б.(73) од Кавадарци.
- Во несреќата, С.Б. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во болницата во Кавадарци. За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од ОВР Кавадарци, информираа од СВР Велес.
Ново на Сител
-
УЈП: Последен ден за поднесување на ДДВ - 04 пријавите, динамиката забавена
-
Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбеднa храна
-
Евакуиран аеродромот во Сараево, откажани сите летови
-
Автомобил прегази 77-годишна жена во кумановско, која починала во болница
-
Путин: Русија е подготвена на разумни компромиси за решавање на украинското прашање, но нема суштински преговори
-
Кривична пријава поради несовесно работење во службата
-
Скопје и Охрид добиваат шест нови авионски дестинации во 2025 година
-
Продолжува периодот на свежи утра, а преку ден сончево и топло