Вработен осомничен дека го нападнал директорот на јавното претпријатие во Кавадарци
Вработен во јавното претпријатие во Кавадарци е осомничен дека го нападнал директорот, информираа денеска од СВР Велес.
- Вчера во 15.40 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода кавадарчанецот Т.Ѓ.(61). Тој се сомничи дека во текот на денот, на работното место физички го нападнал Ј.Н.(62), директор на јавното претпријатие, каде што и тој бил вработен. За настанот бил известен јавен обвинител, а лицето било приведено во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Велес.
Оттаму информираа дека синоќа пак во 19.50 часот, во ОВР Кавадарци било пријавено дека на улицата „Тиквешко востание“ во градот, патничко возило „лада“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од кавадарчанецот В.Н.(43), удрило во С.Б.(73) од Кавадарци.
- Во несреќата, С.Б. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во болницата во Кавадарци. За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од ОВР Кавадарци, информираа од СВР Велес.
Ново на Сител
-
Зеленски: Преговарам за мега договор со Трамп
-
Расчистено убиството во Батинци, се трага по едно лице
-
Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца
-
ЦУК: Неколку пожари во Куманово и Старо Нагоричане
-
ЦУК: Поради ветер кој го зафати подрчјето на Куманово и Скопје на повеќе локации од искрење на жици предизвикни се пожари
-
Поранешниот претседател на Албанија, Илир Мета, останува во затворски притвор
-
Регрут од украинската армија уби двајца свои инструктори
-
Уапсен еден од соучесниците за убиството во Батинци