„Волстрит џурнал“: Најмалку 22 терористи поврзани со нападите во Брисел и Париз се уште се на слобода
Најмалку 22 радикални ислмисти од Европа, поврзани со терористичките напади во Брисел и Париз, можно е се уште да се наоѓаат на слобода, пишува весникот „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на сопствени извори и тајни документи.
- Најмалку 22 радикални исламисти од Европа, кои се поврзани со терористичката мрежа одговорна за нападите во Брисел и Париз, можно е се уште да се на слобода. Безбедносните служби на европските држави постојано се во режим на зголемена готовност, обидувајќи се да спречат нови терористички напади на Исламска држава во регионот, наведува весникот.
Голем број од терористите, по кои трагаат специјалните служби, биле вмешани во терористичките активности на ИД. Освен тоа, според истражните органи, речиси сите тие долги години или месеци учествувале во борбите во Сирија.
- Бараните екстремисти се дел од широка мрежа, составена главно од млади луѓе кои имаат длабока омраза кон Западот, откако го прифатиле радикалниот ислам во нелегални џамии и на тајни средби во бриселскиот кварт Моленбек, кој е населен главно со муслимани, пишува „Волстрит џурнал“.
Ново на Сител
-
СДСМ бара нула данок за основната храна, предлог кој го одбија лани од ВМРО ДПМНЕ
-
Јавна расправа: Има ли спас за студентските домови во Македонија?
-
Жители на Батинци: Живееме како во контејнер оти Дрисла пушта канцерогена вода во Маркова Река
-
Хирурзи и специјалисти од приватни болници се враќаат во државното здравство
-
Кривични пријави против Вучиќ, Брнабиќ и Вучевиќ
-
Преглед на вестите од светот
-
Филипче: СДСМ се подготвени за избори
-
Меџити: Има стабилно мнозинство, предвремени парламентарни избори се само трошок за државата