Македонија
17. јуни 2018 - 14:21

ВО ЖИВО: Протестен марш на ВМРО-ДПМНЕ во Битола

Вo Битола во тек е протестен марш на опозициската ВМРО-ДПМНЕ против потпишувањето на договорот со Грција за решавање на долгогодишниот спор со името. Маршот го предводи претседателот на партијата Христијан Мицкоски.

На протестот учествуваат пратеници, членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ.

Според лидерот на партијата Христијан Мицкоски, станува збор за решение кое е комплетно спротивно на државните и националните интереси на Република Македонија. Повеќепати го повтори ставот дека ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи уставни измени за промена на уставното име.

Протесниот марш во Битола почна пред спортската сала во Битола, а маршот ќе се движи преку Широк Сокак до Домот на културата се до споменикот на Гоце Делчев.