Берлински процес
Европската унија е комплетна само со Западен Балкан. Германскиот канцелар кој е домаќин на 10тиот самит на Берлинскиот процес ги охрабри лидерите на земјите од регионот да ја продолжат реформската агенда со крајна цел членство во Унијата. Слична порака испрати и шефицата на Европската комисија која вели дека регионот мора да ја искористи оваа шанса, кога проширувањето на унијата е високо на агендата.
Премиерот Мицкоски ја предводи македонската делагација во Берлин, од каде преку фб порача дека Европската Унија мора да ги поддржи државите кои покажуваат зрелост, одлучност и соработка за заедничката цел. Македонија прави многу на овој план.
Грчкото МНР пак објави слика од куса средба на Мицкоси и Муцунски со грчкиот шеф на дипломатијата герапетритис. Детали не се откриваат освен дека биле раменети мислења.
На самитот присуствува и бугарскиот премиер Главчев но засега без информации дали е можна средба на двајцата премиери. Детали од разговорите на состанокот открива бугарската влада од каде ги минираат шасните за можни разговори на релација Скопје-Софија.
Премиерот потенцираше дека по однос на двостраните средби предложено е преговорите да се прошират на ниво држава кандидат за членство директно со ЕУ за да се избегнат несогласувања помеѓу двете земји
Во крајна линија ние тоа веќе го направивме со РСМ и очигледно се движиме напред бидејќи на средбата ова беше посочено како добар пример – една држава да преговара со целата Европска унија, писмено инфомираат од бугарската владата.
Мицкоски претходно најави дека средбите во Берлин ќе ги искористи за подготовка на писмото со кое наскоро ќе се обрати до институциите на ЕУ, со кое ќе бара достоинствено решение без диктат на евроинтегративниот пат на Македонија
-
Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар