Македонија
14. October 2024 - 13:03

Во багаж на патник во автобус со турски национални ознаки пронајдени 30 штеки цигари

Во близина на Неготино, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграциии вчера во контрола на багажот на патниците во автобус „ман“ со турски национални ознаки пронашле 30 штеки цигари.

МВР денеска соопшти дека полицијата запрела и извршила контрола на автобусот со турски национални ознаки, сопственост на правно лице од Република Турција, а управуван од турски државјанин.

- По контрола над багажот на патниците во автобусот, кај лицето К.Г.(49) од Република Турција биле пронајдени 30 штеки цигари. Бидејќи станува збор за царински прекршок, известена е екипа на Мобилна царина за понатамошна постапка, појаснуваат од МВР.