Македонија
13. October 2024 - 16:45

Во Македонија за прв пат ќе се прави идентификација на целиот недвижен имот што е во сопственост на државата

Во Македонија за прв пат ќе се врши идентификација на целиот недвижен кој и припаѓа на државата. Препораката е од државниот завод за ревизија, а иницијативата за оваа мерка поминала пред околу еден месец на Влада.

Целта е да се спречи злоупотреба и корупција на недвижен имот, како што имало во минатото, вели вицепремиерот задолжен за политики за добро владеење, Арбен Фетаи. Според најавите работната група би требало да започне со работа деновиве. Според Фетаи ова ќе биде тежок процес, но оптимист е дека до крајот на следната година ќе имаат евиденција колку недвижен имот поседува државата.

Во рамки на Владата предложиле и сите службени автомобили, односно над 1.500 возила да имаат специјални таблички, со посебен број и боја за да може да се препознаваат, па доколку некој направи прекршок граѓаните да може да пријават. Наскоро најавија и финализирање на службениот регистар на автомобили.

Денеска беше првата прес конференција на вицепремиерот задолжен за добро владеење Арбен Фетаи, каде даваше отчет што сработел изминативе 100 дена. Речиси целата прес конференција, но и сите прашања на новинарите беа одговарани на албански јазик.