Македонските фудбалери вечерва играат против Ерменија
Три дена по триумфот над Летонија во Рига во 3-0, македонската фудбалска репрезентација вечерва против Ерменија во Ереван ја очекува уште еден гостински натпревар во Лигата на нации во кој со нова победа ќе го обезбеди првото место во групата Ц4 и ќе обезбеди промоција во Б дивизијата.
Избраниците на селекторот Благоја Милевски пред вечерашниот дуел на стадионот „Вазген Саргсјан“ со почеток во 18 часот се првопласирани на табелата со седум бодови, три повеќе од второпласираната Ерменија, која во четвртокот одигра реми 2-2 на гостувањето во Фарски Острови.
Селекторот Милевски на располагање за дуелот против Ерменците ќе ги има стоперите Никола Серафимов и Ѓоко Зајков, додека неизвесен е настапот на Висар Муслиу, кој се повреди на натпреварот во Рига.
Македонската репрезентација пред еден месец во Скопје ја совлада Ерменија со 2-0 и со оптимизам влегува на реваншот во Ереван, во кој со победа ќе го обезбеди првото место во групата, а и со бод ќе направи голем чекор кон промоција во Б дивизијата пред двата завршни натпревари од ноемврискиот циклус против Летонија и Фарски острови во Скопје.
Ново на Сител
-
Урнато легендарното мафијашко казино „Тропикана“ во Лас Вегас
-
Босанка подарува куќа на семејство погодено од поплавите
-
Пилот на „Туркиш ерлајнс“ почина при лет над САД
-
„Опен-АИ“ се проширува на глобално ниво со четири нови канцеларии
-
Во последните 24 часа вкупно 1.712 повици на бројот за итни случаи 112
-
Делови од Скопје денеска без струја
-
Денеска продожува судењето за убиството на Вања и Панче
-
Најмалку 20 загинати, меѓу кои и деца, во израелски воздушен напад врз училиште во Газа