Косовската полиција заплени 120 000 евра шверцувана стока од Македонија
Косовската полиција соопшти дека во соработка со косовската царина запленила значително количество стока за која постои сомневање дека е шверцувана од Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Приштина.
Според денешното соопштение на полицијата, вредноста на шверцуваната стока, без царинско затајување, се проценува на околу 120.000 евра.
- Во спроведување на мерките за спречување и сузбивање на незаконитоста и шверцот, засилени се тактичко-оперативните контроли на граничниот појас Република Северна Македонија–Република Косово, при што се идентификувани три сомнителни возила, за кои постоел сомнеж дека превезуваат криумчарена стока. Пријавените биле во 3 возила, од кои две возила за придружба со локални регистерски таблички и комбе без регистарски таблички, за кое постоело сомневање дека е натоварено со шверцувана стока. Полициските службеници успеале да го лоцираат сомнителното возило управувано од осомничениот Косовец, каде при пребројување на шверцуваната стока, за која пријавениот не поседувал никаков документ за потеклото на стоката, е откриена и запленета шверцуваната стока, се наведува во соопштението.
Полицијата ја објави и содржината на запленетатата стока.
- Пронајдена и одземена е следната стока: 1.750 кутии „Чесгтерфилд“ со 350.000 цигари, 250 кутии електрични цигари „Тереа“ - 50.000 цигари, 3.200 машини за полнење цигари (филетари), 2.000 запалки, 50 парчиња стаклени шишиња за наргиле и 3.000 парови (6.000 парчиња) влошки за чевли, се наведува во соопштението.
На осомничениот во овој случај му е одредена мерка притвор во траење од 48 часа, додека по налог на надлежен обвинител стоката и возилото се одземени и испратени на царинскиот терминал.
Ново на Сител
-
Демонстрантите во Нови Сад - 48 часа пред Градското собрание за да им се исполнат барањата
-
Нетанјаху го разреши министерот за одбрана Јоав Галант
-
Почна протест во Нови Сад, развиен транспарент - Виновни сте, ќе одговарате
-
Блокадата на пристапот кон депонијата кај Кочани продолжува, дел од барањата се исполнуваат
-
Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи, поднесени во кумановската полиција
-
СЗО: Голема медицинска евакуација од Газа е планирана неделава
-
СВР Велес со детали за сообраќајката во која загина едно лице, а три се тешко повредени кај Рибарци
-
„Гледам момче бледо како крпа, ги нема нозете а нема крв“, потресна исповед на таксист кој помагал на повредените во несреќата во Нови Сад