Сведоштво во судница на мајката на убиената Вања
Дојде на главниот влез од судот, но не беше присутна во просторијата кога телевизиските камери го снимаа почетокот на судењето.. Мајката на убиената Вања, час и половина сведочеше пред судот.. Дека девојчето не пристигнало на првиот час, дознала од класната.. Веднаш и ѕвонела на мобилниот, ама не била достапна, па го аламирала сопругот..
„Вања ја нема, телефонот е исклучен. Сега доаѓам кај тебе. Симни се“, изјави Зорица Ѓорчевска, мајка на убиената Вања.
Се договориле да се најдат пред зградата во која тој живее..
„Александар веќе беше пред зграда. Не е вообичаено, тој толку брзо да се спреми, но разбирливо за таква ситуација“, изјави Зорица Ѓорчевска, мајка на убиената Вања.
Зорица како вработена во мобилен оператор, веднаш лоцирала дека последиот сигнал од телефонот на Вања бил на булеварот Партизански одреди.. Во близина имало напуштена куќа, ја пребарале заедно со Александар но немало никаква трага од девојчето.. Додека се движеле кон местото, му кажала дека ќе ја информира полицијата.. Александар пак, цело време тврдел дека девојчето е киднапирано.. Тоа во еден момент ја налутило Зорица..
„Не е тоа ќерка на Кенеди, што имаме ние за да ни побараат“, тогаш му одговорила Зорица Ѓорчевска..
Од полицијата дознала дека вечерта пред грабнувањето, Вања добила порака од својот татко да се облече топло зашто следниот ден ќе студи.. Зорица Ѓорчевска рече дека во текот на потрагата, Александар бил фокусиран на прегледување на камерите од блиските објекти.. Сопственици на дуќани, куќи, станови сами им ги носеле на проверка.. За него рече дека бил тажен, повлечен и потиштен додека го барале детето.. Станот во кој живеела со Вања, претходно бил на име на сопругот, го побарала за себе, а на тоа не се противел Александар.. Пред судот, Зорица рече дека поседува уште два стана во Скопје и еден во Охрид, а продала стан од кој на сметка имала 30 илајди евра.. Според адвокатот на обвинетиот Александар, претпоствакта дека е киднапирана, не била невообичаена, вели, сите биле вознемирени..
Мајката на Вања изјави пред судот дека лично не ги познава останатите обвинети.. Знае дека фирмата на Љупчо Палевски ја градела зградата од каде е грабната нејзината ќерка, ама негативно одговори на прашањето од адвокатот на Палчо дали нејзиниот татко должел пари за станот..
Пред судот сведочеше и ќерка на убиенот Панче Жежовски.. Рече дека пред повеќе од 15 години нејзиниот татко завршил на суд со обвинетиот Велибор Манаев заради незавршени градежни работи.. Нејзиниот сопруг пак сведочеше дека Жежовски не бил задоволен од работата на Манев, па тој ги извадил бетонски плочки кои за 1.110 евра ги наместил во дворот, а требало да добие 500 евра повеќе.
Судењето проодлжува во среда.. Според обвинителството, грабнувањето на Вања имало цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде пари за откуп..
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар