Во вторник ќе се конституира Собранието
Спикерот Џафери ја закажа првата конститутивна седница на Собранието за во вторник точно на пладне. Од собранието информираат дека ќе бидат запазени сите протоколи, седницата ќе се одржи во Големата купола каде има место за 600 лица, а на сите пратеници, гости и медиумски работници на самиот влез на Собранието ќе им се мери телесна температура.
„Бидејќи станува збор за вонредни околности и е неопходно одржување на задолжителна физичка дистанца меѓу пратениците, Конститутивната седница ќе се одржи во Големата сала на Собранието, односно во салата позната во јавноста како Голема купола. Пратениците ќе бидат на соодветна дистанца и ќе им биде обезбедена заштитна опрема. Гласањето на седницата ќе се одвива рачно (со картончиња)“, се вели во соопштението.
Со одржување на конститутивната седница од вторник почнуваат да течат и роковите за состав на новата Влада. Претседателот Пендаровски ќе има рок од 10 дена да го додели мандатот, а мандатарот во рок од 20 дена до Собранието ќе треба да поднесе предлог за владин состав за чие изгласување е потребна поддршка од 61 пратеник.
Деспина Тодоровска
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите