Во Тетово годинава фатени 1.784 возачи без дозвола
Во изминатите 11 месеци полицијата фатила 1.784 лицa кои возеле без дозвола, а биле откриени и 1.435 возила со истечена регистрација до и над 30 дена, информира денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
- Најголемиот број од откриените „диви“ возачи управувале патнички возила, но и комбиња, камиони и минибуси. Претежно станува збор за поединци на возраст од 16, 17 до 35 години меѓу кои неретко се среќаваат и т.н. повторници. Она што посебно загрижува е дека меѓу учесниците во сообраќајни несреќи со посериозни последици извесен број биле лица без положен возачки, рече Јосифовски.
Според тетовската полиција, за возењето без дозвола глобата изнесува 300 евра во денарска противвредност и плус 400 евра за лицето кое е сопственик на возилото и го дало на управување. За истечена регистрација, пак, казните се 100 до 500 евра во зависност од тоа дали истекувањето е до 30 или над 30 дена.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека ДУИ и СДСМ го уништуваат здравството и во последните денови од владеењето
-
Продолжуваат преговорите за влада меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди, учеството на Знам неизвесно
-
СДСМ се подготвува за нов лидер
-
Нов хаос на Клинички, цела ноќ ќе нема вода - операции не се прават и во кумановската болница
-
ФЕД нема да ги намали каматите, ЕЦБ ќе почне од следниот месец
-
Холанѓаните пристигнуваат - Охридскиот аеродром раздвижен
-
ЦУК со иницијатива до Град Скопје
-
Денот на младоста - Празникот што ги обединуваше младите во поранешна Југославија