Македонија
17. August 2024 - 17:00

Во текот на денот се гаси, навечер разгорува огнот

Продолжува битката со огнената стихија кај Галичица најкритично во западниот дел кај местото викано Зли Дол.

Aкцијата за гасење на пожарот продолжи  и денес со 100тина лица и интервенција од воздух.

- Ветерот, високите температури и непристапниот терен а и специфичноста на планината со стрмни падини, варовнички структури, многу шуплини и подземни процепи прават дополнителен проблем доаѓа до подземни проширувања на пожарот, на една локација се гаси на друга повторно се појавува, вели Митко Темелков раководител на ЦУК од Охрид.

Планинарите кои веќе 13 ден се на терен во борба за спас на Галичица велат дека постојано се појавуваат нови жаришта во текот на денот се гаси а навечер повторно разгорува огнот. 

На Галичица каде веќе тринаесетти ден гори опожарена е нискостеблеста вегетација и букова шума.

Инаку оваа планина беше зафатена од голем пожар и во 2007 и 2021 година.