Македонија
11. September 2024 - 21:16

Власта чека на ДУИ за измените во Законот за локална самоуправа

Гласовите на 9-мината пратеници на ДУИ стануваат клучни за измените на законот за локална самоуправа - да нема вонредни избори за градоначланици до редовните следниот октомври.
Измените по денешната собраниска расправа одат во амандманска расправа, но за да бидат кончено донесени мнозинството ќе треба да се пребројува за 80 гласови и Бадентер. Надеж даваат само ДУИ, бидејки останата опозција се изјасни против.

Имено, од Европски фронт што го предводи ДУИ, потврдија дека не се единствени по ова прашање.

Иако не гласаа против потребата од измени во законот за локална, од ДУИ велат дека не донеле конечна одлука дали ќе го поддржат решението на власта. Интегративците тактизираат имајќи пред вид дека по парламентарните избори Блерим Беџети од ДУИ од градоначалник во Сарај стана пратеник, па неговото место сега го држи токму вршител на должност. Уште две други општини имаат ваква ситуација – Аеродром и Гостивар, откако Муцунски и Таравари станаа министри.

Власта смета дека ова е преодно решение со кое ќе се заштедат пари.

Од опозциската СДСМ пак, смета дека измените се противуставни.

По комисиската расправа измените повторно ќе се најдат на пленарна седница.