Расчистено убиството во Арачиново
Двајца браќа се осомничени дека го убиле 56 годишниот маж од Арачиново и го раниле неговиот син. Полицијата го расветли пукањето еден е уапсен и веќе во притвор но се уште трага по вториот осомничен.
Од вчера е распишана потерница, а судија на претходна постапка и нему му одреди 30 дневен притвор. Убиството го извршиле со пукање од автомобил Ауди А5 кое е во сопственост на уапсениот. Сторителите се на возраст од 31 и 23 години.
Пукањето се случи завчера вечер, а полицијата уште истата ноќ пронајде еден од напаѓачите. Според обвинителството мотивот за убиството веројатно се нерасчистени должничко доверителски односи.
Пукале во татко и син со кои биле нивни соселани во Арачиново. Таткото им брзо им подлегна на повредите, обвинителстово информираше дека неговото тело ќе биде предадено на обдукција. Неговиот 20 годишен се здобил со тешки повреди и се уште е на клиника.
Ова е втор случај на пресметка со огнено оружје во Арачиново за неполн месец.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар