Собранието ја почна процедурата за измени во Законот за локална самоуправа
Пратениците ја изгласаа потребата да се донесат измени во Законот за локална самоуправа. Со 69 гласа За и 17 против пратениците одлучија по скратена постапка да носи предлогот со кој вршителите на должност во општините Сарај, Гостивар и Аеродром ќе останат на функцијата се до редовните локални избори следниот октомври. Власта смета дека ова е преодно решение со кое ќе се заштедат пари.
Опозицијата смета дека измените се противуставни и се манипулира со волјата на гласачите.
По комисиската расправа измените повторно ќе се најдат на пленарна седница. Законот треба да добие двотретинско и бадентерово мнозинство. Неофицијално во Европскиот фронт нема единствен став, Алијанса на Села е против а ДУИ веројатно ќе даде поддршка со оглед дека не гласаше против потребата од носење на измените.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар