Во струмичко Василево промовирани поставените агро-метереолошки станици
Центарот за развој на Југоисточниот плански регион денеска во атарот на село Василево ги промовираше поставените агро-метереолошки станици пред министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, амбасадорката на Швајцарија, Сибил Зутер Техада и градоначалниците од Југоисточниот регион.
Милевски информира дека за овој проект половината од средства за агро-метереолошките станици се обезбедени од министестерството, а останатите од швајцарската амбасада.
– Овој проект е некаде над пет милиони денари и со тоа им помагаме на земјоделците да ги зголемат своите приноси и да заштедат на средства. Земјоделците кои пробно ги користеа имаат заштеди и намалени трошоци од 30 до 40 отсто и имаме зголемо производство за 30 проценти, бидејќи овие мерни станици ги прогнозираат временските услови и овозможуваат да превенираат и кога да ги користат хемиските препарати, рече министерот Милевски.
На новинарско прашање дали Владата ќе постави агро-метереолошки станици и во другите плански региони, министерот Милевски одговори дека и покрај тоа што Министерството за локална самопуправа нема директни надлежности во земјоделството, сепак доколку овие мерни станици покажат резултат, тогаш Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ќе треба да вложи напори да инсталира такви мерни станици во сите плански региони.
Амбасадорката на Швајцарија, Сибил Зутер Техада истакна дека со грантовите, што ги работат заедно со Министерството за локална самоуправа, имаат намера да ги намалат разликите во развојот на различните региони и да се зголеми квалитетот на животот во регионите што се помалку развиени.
Претседателот на Совет на градоначалници на Југоисточниот плански регион и градоначалник на Струмица, Коста Јаневски, подвлече дека ваквите проекти му овозможуваат на регионот да добие компоненти што во секој поглед би помогнале во развојот на регионот.
На промоцијата присуствуваше и земјоделецот Ристо Стојков, кој рече дека бенефитите од агро-метереолошките станици треба да придонесат во заштеда на користење на хемиските препарати.
Во десетте општини од регионот се поставени вкупно 23 агро-метреолошки станици.
Во рамки на денешниот настан директорката на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион го промовираше и проектот „Заеднички работен простор-средство за зајакнување на соработката со бизнис секторот“, што функционира во новите простории на Центарот, кои денеска беа свечено отворени.
Ново на Сител
-
СДСМ избира раководство
-
Тема на денот со британскиот амбасадор Метју Лосон
-
Унијата здруженија на медицински сестри реагира на договорот на ФЗО и ЗПЛРМ матични во мали места да работат без сестри
-
Преглед на вестите од светот
-
Нова Комисија, стари правила
-
Мицкоски: Не отстапуваме од црвените линии
-
Попов: Постои само една Академија на науките и уметностите, тоа е МАНУ
-
Дигитализацијата како лек