Во РЕК Осломеј одбележан Денот на рударите
Со доделување благодарници на заслужни вработени денеска во РЕК Осломеј беше одбележан 28 Август, Денот на рударите.
Нагласувајќи ја важната улога на рударите во АД ЕСМ и во термоелектраните, чие производство на електрична енергија почива на јагленот генерален директор Васко Ковачевски им го честита празникот на вработените.
-Нема дилема дека работата на рударите е тешка. Што се однесува до РЕК Осломеј сакаме комбинатот уште повеќе да работи и планираме нови ископи на јаглен во иднина, а токму рударите се тие кои ќе имаат носечка улога во процесот, порача Ковачевски во поздравното обраќање на свеченоста.
Денешната свеченост во РЕК Осломеј се одржа во пресрет на централното одбележување на Денот на рударите, кое е предвидено за 29 август во РЕК Битола.
Ново на Сител
-
Одбележани 30 години соработка со УНХЦР
-
Диви свињи ги уништуваат нивите на брегот на Охридското езеро
-
Штипските студенти од УГД ќе можат да студираат во Европската Алијанса на Универзитети
-
Преглед на вестите од светот
-
Институциите пред тест по проширувањето на црната листа
-
Тема на денот со Столе Наумов
-
Пулмологија полна – Загадениот воздух причина за повеќе пациенти со компликации
-
Донација од Прилепска пиварница