Во прекин сообраќајот на патот Пресека - Врбјани поради минирање
Денеска на патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – с.Врбјани, поради изведување градежни работи на пат (минирање) сообраќајот ќе биде во прекин помеѓу 12:00 и 15:00 часот, во времетраење од 15 до 20 минути, информираат од АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Табановце за влез во државата се чека од 30 до 40 минути, а на останатите нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Регионалниот пат Р-2332 Ресен – Охрид (преку Галичица) е отворен за сообраќај. Од АМСМ со препорака до возачите да пристапуваат внимателно на овој патен правец поради можната појава на помали одрони. Екипи на ЈП Македонијапат на овој патен правец вршат градежни работи чистење на банкини, косење и кастрење на гранки на делот од Царина до Трпеица.
Ново на Сител
-
Груби недостапен, Обвинителството бара притвор
-
Политички рекации
-
Ѓурчевски: Во МВР отсекогаш постоеле „кртови“, но денеска е полесно да се пронајдат
-
Таткото на починатото седуммесечно бебе: Го чуваш, го негуваш и за пет дена веќе го нема!
-
Бугарија со предупредување до ЕУ: Прво уставни измени, па интеграција на Македонија
-
Азески: Да се игра внимателно за помали последици од германската економија
-
Најголем дел од Скопје ќе остане без вода: Затворањето на главниот цевковод почнува во петок
-
Преглед на вестите од светот