Македонија
17. December 2024 - 16:49

Ѓурчевски: Во МВР отсекогаш постоеле „кртови“, но денеска е полесно да се пронајдат

Триесет дневен притвор за четворицата уапсени од мафијашката група Беланоца. Судија на претходна постапка синоќа им ја одреди оваа мерка поради опасност од бегство. 

30 дневен притвор судија на претходна постапка одреди и за пет лица кои се недостапни на органите за прогон која ќе важи од нивно пронаоѓање и за едно лице кое веќе издржува казна затвор, се бара воедно и притвор, но за него дополнително ќе се одлучи со оглед на тоа што лицето е веќе обезбедено со затворска казна, велат од Кривичниот суд. 

Едно лице на полицијата на само десетина минути пред да интервенира и избега, а акцијата беше пробиена. Министерот за внатрешни работи без многу детали кажа дека станува за нечесни полицајци кои соработуваат со криминалците, а според поранешниот началник во МВР, “кртот” најверојатно е од највисоките структури на МВР бидејќи го знаел и времето, местото но и начиност на интервенирање на акцијата. Во МВР низ годините секогаш имало лица кои пробиваат акции, но денеска е полесно да се пронајдат.

Од криминалната група која планирала и вршела убиства по нарачка и до 250.000 евра, дел од нив се во притвор, дел во затвор, шестмина во бегство, а за двајца е распишана меѓународна потерница.