Македонија
16. December 2024 - 19:48

МВР поднесе кривична против Ковачевски, Груби и Бајрами за Лотарија

Премиерот Ковачевски и вицепремиерот Груби се меѓу осумтемина кои МВР бара да одговараат кривично за криминал тежок 8 милиони евра во Државна лотарија.

Од Обвинителството велат дека за Премиерот и екс владиниот генсек до овој момент не собрале докази за отворат истрага. Груби и неговата десна рака екс директорот на Лотарија Перпарим Бајрами ја немале таа среќа.

„Од прибраните докази произлегува основано сомнение дека двајцата соизвршители, како одговорни лица во АД Друштво за приредување игри на среќа “Државна лотарија” на РСМ, во текот на 2023 година, преку вршење на своите посебни овластувања и должности, заедно учествувале во дејствија на извршување на штета на акционерското друштво со намера да прибават противправна имотна корист за друг која се проценува на значителен износ од 501.319.119 денари од буџетот на акционерското друштво. – се вели во соопштението на Обвинителството.

Покрај Груби и Бајрами, Обвинителството собира докази и за уште 4 лица кои биле дел од комисиите за јавни набавки под сомнение дека сите заедно спротивно на законот спроведувале тендери за набавка на апарати за коцкање.

Груби и Бајрами од вчера не се достапни за органите на прогонот.  По информацијата дека избегал во Косово Груби вчера доцна вечерта се јави на социјалните мрежи.

„Денеска патував за приватна посета. Ве молам немојте да измислувате и шпекулирате. Редовно патував со моите патни исправи и моето лично полициско обезбедување. Веднаш штом ќе ги завршам обврските ќе се вратам дома кај моето семејство“ – порачи Груби.

Но Тошковски вели дека Груби не заминал редовно. Откри дека полицјаците на границата со Косово направиле пропуст. Поранешниот вицепремиер го повика да се врати во Македонија

Ниту МВР ниту обвинителството не откриваат детали на кој начин се проневерени 8 милиони евра. Неофицијално станува збор за тендер за набавка на машини за игри на среќа.