-->
-->
Во пожар изгоре куќа на кумановец корисник на социјална парична помош
-->
Во пожар утрово изгоре куќата на 50 годишниот кумановец Цане Спасовски во кумановската населба „Стари Лозја“. Во пожарот, кој петмина пожарникари со едно возило два часа го гасеа на кровот и на дел од куќата нема повредени лица.
Командирот на ТППЕ Куманово, Деан Илиевски изјави дека кај нив пожарот бил пријавен пред осум часот, а целосно бил изгаснат пред 10 часот.
Трошната куќа на Спасовски речиси целосно е уништена, како и скромниот имот кој го поседува овој 50 годишен корисник на социјална парична помош.
Во изјава за медиумите Спасовски објасни дека го разбудил специфичен звук и оти се сомнева дека пожарот настанал од плинска боца која ја користел за готвење.
Цаневски денеска апелираше до надлежните институции, локалната власт и добронамерните граѓани и компании да му помогнат во изградба на кровот на куќа во која со години живее овој куманвец. Кумановскиот Црвен Крст на Спасовски му донираше хуманитарна помош ќебиња, облека и храна.
Инаку, според статистиката на ТППЕ Куманово ова е втор пожар во текот на месецот на индивидуална куќа, во урбана средина, во април пожарникарите интервенирале 6 пати, во март три, во февруари 11 пати, а во јануари пожарникарите интревенирале на пожари во куќи, станови,трговски објекти 16 пати.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Стартуваше Самитот Македонија 2025 - Како до побрз економски напредок на државата
-
Преглед на вестите од светот
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа