Во Крива Паланка досега легализирани 563 дивоградби
Од поднесените 3.612 барања до Одделението за урбанизам, сообраќај и заштита на животната средина од Крива Паланка, досега се легализирани 563 бесправно изградени објекти.
- Според Законот за бесправно изградени објекти, барања за легализација се поднесуваа од март 2011 до септември истата година. До Одделението за урбанизам, сообраќај и заштита на животната средина од Крива Паланка, поднесени се вкупно 3.612 барања за постапување со бесправно изградени објекти од кои 13 се повлечени од странките, 563 барања се решени позитивно, 21 барање-негативно, а останатите се или во фаза на обработка, или пак недостасува некој од потребните прилози за да по комплетирањето бидат разгледувани, изјави раководителот на Одделението за урбанизам, сообраќај и заштита на животната средина Добривој Николовски.
Тој додаде дека во повеќе од 90 отсто од барањата како прилог недостасува геодетскиот елаборат, кој е неопходен.
- Рокот за доставување на елаборати истекува на 31 декември годинава, а најавени се измени во Законот за бесправно изградени објекти според кои најверојатно овој рок ќе биде продолжен. Проектантските куќи не беа во можност да постигнат да ги изработат елаборатите, поради што рокот кој еднаш веќе беше пролонгиран, најверојатно повторно ќе се продолжи за да им се излезе во пресрет на граѓаните. Согласно измените на споменатиот закон, можно е отворање и дополнителни рокови за поднесување нови барања за легализација, но за објекти изградени пред 2011 година, појасни Николовски.
Тој апелираше до граѓаните да ги запазат роковите и да ги достават елаборатите.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Биљана Митева, претседател на Македонско-Бугарска Стопанска Комора
-
Масовни протести во Белград по несреќата во Нови Сад: Српските служби ја продолжуваат истрагата
-
Расчистено убиството во Арачиново
-
Ризик од корупција и судир на интереси во Академијата за судии и обвинители?
-
Бизнисот на удар од корупцијата
-
Инспекторите ги чешлаат универзитетите
-
Се позачестени несреќите на планина
-
Виртуелна прошетка низ Трескавец